Вирџил ван Дајк остро ги отфрли обвинувањата дека самиот донел одлука Холандија да игра со пет дефанзивци против Мароко на Светското првенство.
Капитенот на Холанѓаните беше изричит дека вестите во медиумите не се точни и изјави дека не е виновникот за изборот на тактиката.
„Некои медиуми објавивте дека тоа беше моја одлука да играме со пет дефанзивци против Мароко на Светското првенство. Тоа е БЕСМИСЛИЦА!“, изјави Ван Дајк.
Холандскиот дефанзивец дополнително го истакна неодобрувањето од начинот на кој медиумите ги пренесуваат ваквите информации, нагласувајќи дека тие неточности создаваат погрешен впечаток за него.
„Бесмислиците се шират низ целиот свет. Со тоа ме прикажувате полошо отколку што сум, а ова се случува ПРЕЧЕСТО!“, дополни Ван Дајк.
Реакцијата на Ван Дајк доаѓа после тврдењата дека тој имал значајна улога во изборот на формацијата за натпреварот против Мароко.