
Македонската женска репрезентација до 17 години оствари нова победа на квалификацискиот турнир од Б лигата, што обезбедува влез во А дивизијата за претстојното Европско првенство. Турнирот се одржа во Скопје.
Македонската екипа успеа да ја надмудри Словенија со минимална победа од 1:0, со што го обезбеди првото место во групата.
Женската селекција до 17 години го освои врвот во група 6 од Б лигата и си гарантираше унапредување во А лигата.
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, Македонија и Словенија одиграа борбен натпревар. Настасја Накова беше стрелец на единствениот гол во 8. минута од мечот.
Македонија – Словенија 1:0 (1:0)
МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Настасја Накова, Блехана Алиеска, Канита Емини, Мила Панева, Ева Величкова, Теона Галабовска, Меланија Грозданова, Ана Марија Цветкоска, Калина Попески, Елена Наумоска;
Селектор: Катерина Милеска;