
Драгиша Савковиќ (37), фудбалер на Цер од Петковица, кој во недела на натпреварот беше погоден од гром, почина во Ургентниот центар. “Информер” јавува дека младиот човек подлегнал на повредите.
Драмата се случила околу 18 часот на стадионот на Раднички во Клубаци кај Лозница, кога гром удрил во средината на теренот за време на пријателскиот натпревар против Цер од Петковица. За жал, несреќниот Драгиша Савковиќ се нашол под ударот и не успеал да се опорави од тешките повреди.
– Громот удри токму во центарот. Кога се свртев, видов десетина играчи како лежат на земја. Сите кои беа свртени кон местото на ударот паднале – го опиша Драган Јериниќ, судијата на тој натпревар, она што се случило.
Фото: Принтскрин