
Италијанските медиуми наговестуваат дека Масимилијано Алегри може во блиска иднина да го преземе водството на Милан.
Во последниот период, екипата на Милан не бележи позитивни резултати во Серија А и заостанува зад водечката позиција, што врши притисок на тренерот Консеисао.
Иако клубот му ја одржува довербата на актуелниот тренер, измена е веројатна на лето. Конте се наоѓа на врвот на листата на потенцијални наследници.
Се претпоставува дека нов спортски директор би можел да биде Фабио Паратичи, близок со Конте. Овој тренер е спремен да го напушти Наполи и да пристигне на „Сан Сиро“.