
Тимот на Шкупи ова лето донесе засилувања, но тоа не ги задоволи навивачите кои упатија критики до претседателот на клубот, Јасин Конјали.
Како што објавуваат познатите „Шверцери“, новиот сопственик кој го презеде Шкупи во текот на минатата сезона, не успеал да ги исполни нивните очекувања.
„До претседателот на ФК Шкупи, Јасин Конјали:
Кога го презеде клубот, даде обещание за големи промени на нас, навивачите кои верувавме во тебе. Но, наскоро разобличивме дека тие зборови беа празни, без реална основа, само измами.
По разговор со навивачката група, јавно вети дека ќе ги покрие долговите. И кога сите други се откажаа, ние останавме. Сепак, времето покажа дека зборовите ти се празни, немајќи капацитет да водиш клуб со традиција како Шкупи. Почна да ја уништуваш основата на клубот. Луѓето како Неџипи и Хамза Рамани ги принуди да заминат поради задкулисните лаги. Сега имаш нов директор кој претходно остави други турски клубови во долгови и кој си го довел за да „нè спаси“.
Што ќе се случи сега? Ни тренерите, ни играчите не гледаат подобра иднина. Сите се плашат од лагите и хаосот што го создаде.
Шкупи не е твој, туку наш – на „Шверцери“, на Чаир и на сите кои стоеја под дождот, снегот и огнот заедно со нас. Ако немаш почит кон клубскиот грб, историјата и оние кои го сакаат клубот, најдобро е да си заминеш пред да те напуштиме ние“, предупредија од навивачката група.
Засилувањата што Шкупи ги доведе ова лето претежно се млади фудбалери од пониски лиги, што веројатно предизвика негативна реакција меѓу навивачите.